Симјановски и Богдановски ја водеа Стопанска Банка до победа над Тиквеш

Стопанска Банка 12-5(5-3) Тиквеш

Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 33’ Кристијан Апостоловски 23’ Дарко Симјановски 5’ 10’ 18’ 29’ 40’ Кристијан Богдановски 17’ 19’ 28’ 35’ 39’
Тиквеш: Дамјан Петревски 19’ Делчо Кировски 40’ Деко Марков 14’ 25’ Амар Елмази 8’

Одличен почеток за екипата на Стопанска Банка во дуелот со Тиквеш тие уште во раната фаза од полувремето преку Симјановски успеаа да поведат со 1-0. Екипата на Тиквеш успеа да ги консолидира своите редови и во 8та минута со погодокот на Елмази успеа да го израмни резултатот на 1-1. Двете екипи во овој натпревар игра со офанзивна и отворена игра со многу шанси за погодок, екипата на Стопанска Банка во 10та минута со вториот погодок на Симјановски успеа да дојде до повторно водство од 2-1. Како одминуваше времето екипата на Стопанска Банка го зголеми темпото на игра и успеа да направи мала резултатска предност. Тиквеш иако имаше одлични погодоци Стопанска Банка ја одржуваше разликата и на полувремето замина со резултат од 5-3. Во вторто полувреме се продолжи со одлична игра и на двете страни имаше отворен фудбал и одлични погодоци. Екипата на Тиквеш во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и почесто да доаѓа до изглени шанси за погодок, но ваквата отворена игра ја искористи Стопанска Банка за преку брзи контра напди ја зголемува предноста се до завршницата од овој натпревар. Екипата на Тиквеш денеска не успеа да најде против игра за расположените Симјановски и Богдановски кај Стопанска Банка кои со по пет погодоци го водеа својот тим до сигурна победа во овој дуел од 12-5.