Симјановски со хет-трик ја водеше Стопанска Банка до победа над ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 1-3(1-1) Стопанска Банка

ВДЛ Ван Хоол: Гоце Андев 8’
Стопанска Банка: Дарко Симјановски 17’ 27’ 32’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на ВДЛ Ван Хоол и Стопанска Банка. Двете екипи влегоа во натпреварот силно мотивирани, екипите одлично ја поставија играта во одбраната и со брз контра напади се обидуваа да го изненадат противничкиот голман. Екипата на ВДЛ Ван Хоол го отвори резултатот во 8та минута од полувремето со погодокот на Андев, екипата на Стопанска Банка по оваа негатива ја стегна играта во одбраната и се почесто се закануваше кон голот на противникот. Екипата на Стопанска Банка во завршницата од полувремето преку Симјановски успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2 во 27та минута. Екипата на Ван Хоол во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот но екипата на Стопанска Банка одлично ја постави одбраната а преку расположениот Симјановски успеа да ја зголеми предноста и на крајот од овој дуел да слави со 1-3.