Систина со скратен ростер го загуби дуелот со Алкалоид

Алкалоид: Стефан Димовски 13’ 14’ 21’ Даниел Ристевски 32’ 33’ Дениз Салкович 9’ 14’ 26’ Николче Дамјановски 12’
Аџибадем Систина:Ивица петровски 22’ Кристијан Димковски 1’ 32’ 38’ Никола Малјановски 5’ 24’

Одличен старт имаше екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Алкалоид, екипата на Систина успеа да дојде до рано водство од 2-0 уште во 5та минута. По оваа негатива екипата на Систина со обидуваше да најде против игра како би го намалила водството но екипата на Алкалоид направи промена во својот состав внесувајќи го Оливер Христовски на место на голман играч што набрзо резултираше со резултатски пресврт. Се до крајот на полувремето екипата на Систина се обидуваше да најде против игра како би го намалила водството но екипата на Алкалоид не дозволи изненадување па на полувремето замина со водство од 5-2. Во второто полувреме Алкалоид продолжи со истата поставеност во играта, со што ја задржи разликата која ја имаа на полувремето. Систина која имаше кратка клупа не можеше да најде против игра за ваквата поставеност на Алкалоид кој на крајот славеше со 9-6.