Нетцетера 8-7(2-5) Темато
Нетцетера: Теодор Димитровски 8” 11” 22” 28”, Мирослав Радиќ 33” 38”, Филип Савевски 34” 37”
Темато: Шенон Идризовски 2”, Неџати Шабани 6” 13”, Нермин Шаботиќ 18” 31”, Давид Дрндар 20” 32”
Динамичен фудбал прикажаа екипите на Нетцетера и Темато во првото полувреме од меѓусебниот дуел. И двете екиши настапија мошне мотивирано уште од самиот почеток, играјќи отворен фудбал целиот терен. Во ваквата игра прва до погодок дојде екипата на Темато со гол во 2” во реализација на Идризовски со што Темато практично го превзеде водството во овој натпревар. За пар минути игра на Идризовски му се приклучи соиграчот Шабани со гол во 6” за водство на Темато од 0-2. Во тие моменти кај Нетцетера проработи Димиторвски кој со два последувателни гола до 11” го израмни резултаотт на 2-2, но за помалку од две минути Шабани 13” со одличен гол го врати водството кај Темато. Екипата на Нетцетера се обиде со брзи контра напади и притисок во предно поле да се врати во овој наптревар но недостасуваше реализацијата. Во ваквата игра, празнината во задниот простор на Нетцетера ја искористи екипата на Темато и на полувремето замина со водство од 2-5.
На почетокот од второто полувреме играта со висок пресинг на Нетцетера вроди со плод во 22” преку Димитровски кој со гол за хет-трик ја намали предноста на Темато на 3-5. Вечерва расположениот Димитровски не застана со хет-трик туку со четврт гол во 28” ја донесе Нетцетера на само гол негатива од Темато при резултат 4-5. Во тие моменти екипата на Темато покажа акарактер и со два гола во низа успеа да поведе со 4-7. Екипата на Нетцетера внесе во своите редови голман-играч како би можела да има играч плус во делот на нападот. Во ваквата поставеност Нетцетера од минута во минута ја допеше предноста на Темато па така во 37” стигна до израмнет резултат 7-7. Во последната минута се играше цврсто и на двете страни но екипата на Нетцетера преку Радиќ кој испеа да постигне гол за победа и да стави точка на овој натпревар во крист на својот тим.