МРТ 2-3(2-1) Киел
МРТ: Денис Селкович 6”, Мартин Фотевски 16”
Киел: Роберт Дамески 1” 33”, Душко Димитријевски 39”
Со гол во првата минута од натпреварот во реализација на Дамески, екипата на Киел одлично го отвори натпреварот со екипата на МРТ. И двете екипи влегоа во овој дуел мошне мотивирано играјќи отворен фудбал со што создаваа одлични шанси за гол. Во такава игра екипата на МРТ по одлично изградена акција во 6” со гол на Селкович израмни на 1-1. И двете екипи продолжија со одличната игра особено во делот на нападот, но голманите и на двете страни беа на ниво на задачата па ги запираа сите напади кон сопствениот гол. Во 16” Фотевски кај МРТ се најде во дуел со голманот на Киел и со одличен потег уепа да постигне гол со кој практично ја донесе својата екипа во водство од 2-1, резултат со кј се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, со отворена игреа по целиот терен. МРТ го држеше водството до се до 33” кога екипата на Киел заигра нешто по офанзивно, и со гол во реализација на Дамески израмни на 2-2. Во завршната минута од натпреварот Димитријевски кај Киел искористи прилика и постигна гол за водство и на Киел од 2-3, резултат со кој што заврши овој натпревар.