Лукоил 4-0(1-0) Макстил
Лукоил: Петар Лефков 18”, горан Стојанов 22”, Димче Андов 24” 39”
Макстил:
Екипите на Лукоил и Макстил меѓусебниот натпревар го започнаа со потполно израмнети сили. Се играше брз и отворен фудбал со одлична контрола над топката и на двете страни. И двете екипи максимален акцент ставија на играта во делот на одбраната, па така речи си во текот на целото првото полувреме, и покрај бројните успешни проигрувања, ниту една екипа не постигна гол. Резултатот го отвори екипата на Лукоил преку Лефков на само две минути пред крајот на првото полувреме со што Лукоил дојде гол предност од 1-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме Лукоил успеа да наметне притисок во предно поле уште во раната фаза, и преку дуото Стојанов – Андов, до 24” стигна до водство од 3-0. Екипата на Макстил се обиде со чести замени да го прати темпото кое Лукоил го наметна, и на моменти се чинеше дека ќе успее да фати резултатски приклучок во овој натпревар, меѓутоа вечерва кај нив недостасуваше реализацијата. Лукоил продолжи со одличната игра во текот на целото второ полувреме и со втор гол во реализација на Андов во самиот финиш од наптреварот, Лукоил славеше со резултат 4-0