Со одлична реализација во второто полувреме Нетцетера до пресврт и победа во дуелот со Кромберг и Шуберт

Нетцетера 5-2(1-2) Кромберг и Шуберт

Нетцетера: Евгениј Костадинов 15” 33”, Теодор Димитровски 35” 38”, Мирослав Радиќ 37”
Кромберг и Шуберт: Атијан Зекир 10”, Давор Јовановски 16”

Натпреварот помеѓу екипите на Нетцетера и Кромберг и Шуберт започна со израмнети сили. Цели десет минути и двете екипи играа отворен фудбал исполнет со шутеви кон противничкиот гол, но голманите и на двете страни беа на ниво на задачата и не дозволуваа постигнување на гол. Резултатот го отвори екипата на Кромберг и Шуберт во 10” преку Зекир за водство од 0-1. Екипата на нетцетера во тие момент инаметна по високот темпо на играта во предно поле кое кулминираше во 15” со гол за израмнување на 1-1 во реализација на Костадинов, но за неполна минута Кромберг и Шуберт при контра напад возврати преку Јованвски за повторно водство од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија буквално во ист ритам, играјќи цврст фудбал со изразен акцент на играта во одбраната. Во таквата игра мрежите висеа мирно цели 13 минути. Во втората половина од второто полувреме, поточно од 32” проработе предната линија на Нетцетера, и во рок од само пет минути, со одлична игра проследена со беспрекорна реализација, Нетцетера не само што успеа да израмни, туку и направи целосен пресврт во натпреварот со Кромберг и Шуберт до високи 5-2. Во завршните минути од дуелот Кромберг и Шуберт се обиде во неколку наврати да го загрози голот на Нетцетера, но недистасуваше реализацијата, па на крајот Нетцетера славеше победа со резултат 5-2.