Со одлично второ полувреме Лукоил го совлада Ван Хоол

Лукоил 6-3(1-2) Ван Хоол

Лукоил: Димче Андов 2”, Петар Лефков 25” 32” 36”, Андреј Симоновски 34” 36”
Ван Хоол: Филип Никодиновски 6”, Валентино Трајковски 11”, Иван Вукановски 25”
Натпреварот помеѓу екипите на Лукоил и Ван Хоол започна со брз и динамичен фудбал. И двете екипи настапиа мошне мотивирано уште од првата минута, играјќи пресинг во предно поле и цврста одбрана во задните редови. Во ваквата игра прва до гол дојде екипата на Лукоил во 2” преку Андов. Екипата на Ван Хоол остана сконцентрирана во одбраната и со чести проигрувања се обидуваше да стигне до отворен шут кон голот на Лукоил. Ова им појде од рака во 6” преку Никодиновски, кој постигна гол за израмнување на 1-1. Ван Хоол продолжи со висок пресинг во који во 11” преку Трајковски дојде до пресврт и водств од 1-2. Екипата на Лукоил се обиде преку неколку добро организирани контра напади да дојде до израмнување но одбраната на Ван Хоол беше на ниво на задачата па на полувремето замина со гол предност.
Во второто полувреме екипата на Лукоил влезе на терен максимално мотивирана да направи пресврт во овој дуел. Ова се виде од максимално посветената игра во предно поле. Играјќи фудбал со акцент на нападот, Лукоил остави простор во одбраната и му овозможи на Вукановски 25” од Ван Хоол да постигне гол за предност од 1-3, но токму во тие моменти кај Лукоил проработе Лефков 25” кој со гол во истата минута резултатски ја приближи својата екипа до Ван Хоол при резултат 2-3. Во остатокот од второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одличната игра во предно поле во која дуото Лефков – Симоновски постигнаа одлична реализација и со 4 постигнати голови му донесоа победа на Лукоил од 6-3