Со одлично второ полувреме Окта до победата Тиквеш

Окта 6-4(2-1) Тиквеш

Окта: Живко Котевски 22’ 38’ Наум Костовски 26’ Иван Мицевски 39’ Борче Бојковски 7’ 20’
Тиквеш: Дамјан Петревски 3’ 31’ 39’ Деко Марков 28’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и Тиквеш, двете екипи од самиот старт настапија со офанзивна игра и често се закануваа кон голот на противникот. Екипата на Тиквеш прва го отвори резултатот во раната фаза од полувремето, екипата на Окта брзо ги консолидира своите редови и успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше, па екипите често се закануваа кон голот на противникот. До крајот на полувремето екипата на Окта успеа да има уште еден погодок и да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 2-1 на полувремето. Во второто полувреме екипите продолжија со високо темпо на игра се играше на раб на фаул, екипата на Окта имаше подобра реализација и ја одржа и зголеми резултатската предност. Екипата на Тиквеш имаше одлични шанси но слаба реализација што Окта го искористи за победа во овој дуел со резултат од 6-4.