
Фабрика Карпош – ГИМ 11-0(3-0) A1
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 11” 15” 26” 32” 40” 40”, Георги Божиков 20”, Тони Котев 22”, Александар Божиков 30” 36”, Виктор Јовановски 23”
Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше своја вечер во дуелот со А1. Уште на самиот старт наметна свој ритам во кој се гледаше одлична поставеност пред се во делот на нападот. Екипата на А1 се обидуваше да најде противигра за вечерва расположениот Фабрика Карпош – ГИМ во текот на целото прво полувреме, но Фабрика Карпош – ГИМ со одлична реализација од минута во минута стекнуваше резултатска предност која на крајот на првото полувреме изнесуваше 3-0.
Во второто полувреме Фабрика Карпош – ГИМ со притисок во предно поле и одлична реализација успеа да дојде до високо водство. А1 со чести измени се обидуваше да го анулира ова високо водство но вечерва екипата на А1 немаше реализација во делот на нападот, па накрајот Фабрика Карпош – ГИМ славеше со 11-0.