Со одлично второ полувреме LC Waikiki славеше над Макстил

LC Waikiki 9-5(3-2) Макстил

LC Waikiki: Есер Сулејмани 3” 39” 40”, Адмир Халилович 16”, Фуркан Фетаи 9” 26” 31”, Метим Рамадани 29”, Мустафа Мустафа 40”
Макстил: Блажевски Мартин 4”, Етемов бурхан 20” 28”, Ивица Величковски 24” 36”

Екипите на LC Waikiki и Макстил одиграа одлично прво полувреме. Екипите го започнаа овој дуел со отворена и офанзива игра. Екипата на LC Waikiki прва го отвори резултатот во раната фаза, но Макстил имаше брз одговор па брзо успеа да дојде до израмнување од 1-1. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и како се ближеше крајот на полувремето се полесно се закануваа кон противничкиот гол. Екипата на LC Waikiki имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на Макстил почесто се закануваше кон голот на противникот но LC Waikiki со одлично поставена одбрана успеваше да ја одржува резултатската предност.Се до 27та минута кога екипата на Макстил успеа да го израмни резултатот на 4-4 со што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница LC Waikiki сепак успеа да доминира во предно поле и со одлична реализација на крајот славеше со резултат 9-5.