Спасеновски со 5 гола го водеше ЕЛЕМ до победа над Кромберг и Шуберт

Кромберг и Шуберт 5-6(3-5) ЕЛЕМ

Кромберг и Шуберт: Филип Јовановиќ 4’ Салим Сулејмани 34’ Милан Тодоровски 19’ Гоце Коневски 11’ Давид Денковски 30’
ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 7’ 9’ 12’ 13’ 16’ Шкиприм Руфати 34’

Ефиксно прво полувреме одиграа екипите на Кромберг и Шуберт и ЕЛЕМ, двете екипи од самиот старт на натпреварот влегоа силно мотивирани и со отворена игра. Екипата на Кромберг и Шуберт прва го отвори резултатот уште во 4та минута од полувремето, екипата на ЕЛЕМ во 7та минута успеа да реализира и да дојде до израмнување на резултатот. Екипите на двете страни имаа одлична реализација, екипата на ЕЛЕМ во 12та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и се почесто да се заканува кон голот на Кромберг и Шуберт. Екипата на ЕЛЕМ на полувремето успеа да замине со два погодоци предност од 3-5. Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт успеа да ги консолидира своите редови со цврста одбрана и брз напад успеа да ја стопи резултатската негатива и да дојде на само гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар доста интересна. Во ваквата завршница екипата на ЕЛЕМ успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој дуел да слави со 5-6.