Стопанска Банка и Т-Арена – С.Ц.Б.Т ги поделија бодовите

Стопанска Банка 5-5 (1-1) Т-Арена – С.Ц.Б.Т

Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 2’, 36’, Дарко Симјановски 30’, 34’, 39’
Т-Арена – С.Ц.Б.Т: Кадир Амза 17’, 29’, 38’, Данијел Апостоловски 24’, Горан Андоновски 29’

Цврсто и тактички интересно прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и Т-Арена – С.Ц.Б.Т. Двата тима уште од самиот почеток настапија со голман-играч и офанзивен пристап, обидувајќи се преку организирани напади да дојдат до резултатска предност. Стопанска Банка прва го отвори резултатот во 2. минута, кога Ангеловски погоди за водство од 1-0. По раното водство на противникот, Т-Арена – С.Ц.Б.Т, со Костов во улога на голман-играч и главен организатор на нападите, сè почесто создаваше изгледни можности за гол. Офанзивниот пристап вроди со плод во 17. минута, кога Амза погоди за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето Стопанска Банка се обидуваше повторно да ја преземе предноста, но без посакувана реализација, па на паузата екипите заминаа со нерешен резултат. Во второто полувреме следуваше целосно поинаква слика на теренот. Т-Арена – С.Ц.Б.Т ја подобри реализацијата и со три погодоци во краток временски период успеа да поведе со убедливи 1-4 до 29. минута. Сепак, Стопанска Банка не се предаде и започна со силен налет кон противничкиот гол. Симјановски со два последователни погодоци, во 30. и 34. минута, ја намали негативата, а Ангеловски во 36. минута донесе израмнување на 4-4. Во драматичната завршница двата тима продолжија да се борат за цел плен. Амза со својот трет погодок во 38. минута повторно ѝ донесе предност на Т-Арена – С.Ц.Б.Т (4-5), но Стопанска Банка не се откажа. Симјановски во 39. минута по третпат ја затресе мрежата на противникот и ги постави конечните 5-5, обезбедувајќи поделба на бодовите во овој возбудлив дуел.

Играч на натпреварот: Дарко Симјановски (Стопанска Банка)