
Стопанска Банка 3-3(2-1) LC Waikiki
Стопанска Банка: Дарко Симјановски 40’ Владимир Стојчевски 11’ Кристијан Богдановски 1’
LC Waikiki: Есер Сулејмани 19’ 36’ 38’
Одличен почеток на екипата на Стопанска Банка во дуелот со LC Waikiki, тие уште во првата минута од полувремето успеаа да дојдат до водство од 1-0 со погодокот на Богдановски. По ова рано водство на Стопанска Банка екипата на LC Waikiki започна со нешто поофанзивна игра и често се закануваше кон голот на противникот, но ваквата отворена игра ја искористи Стопнска Банка за со брз контра напад да дојде до зголемување на водството на 2-0. Во винишот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа преку Сулејмани да намали на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki продолжи со одлична игра успеа да дојде до израмнување на резултатот, а веднаш потоа и до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3. Екипата на Стопанска Банка во самата завршница од натпреварот со погодокот на Симјановски успеа да реализира за 3-3 и поделба на бодовите.