Стопанска Банка со Илиевски на голот до победата над Атлантик Груп

Атлантик Груп 3-7(0-3) Стопанска Банка

Атлантик Груп: Благојче Стојановски 29’ Николче Величковиќ 32’
Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 20’ 37’ Дејан Манчевски 40’ Дејан Симјановски 26’ Кристијан Богдановски 2’ Никола Илиевски 6’ 36’

Одличен почеток за екипата на Стопнска Банка во дуелот со Атлантик Груп, тие на самиот старт наметнаа високо темпо на игра и успеаа да го изненадат противникот за рано водство од 0-1. Екипата на Стопанска Банка продолжи со одлична игра па во 6та минута со погодок од далечина на голманот Илиевски успеа да ја зголеми предноста на 0-2. Екипата на Атлантик Груп се обидуваше со брзи контра напади да се закани на противничката страна но екипата на Стопанска успеваше да ја сочува предноста. До крајот на полувремето екипата на Атлантик Груп го појачуваше темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот но Стопанска Банка ја искористи отворената игра и го зголеми водството на полувремето на 0-3. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во својот напад ова се покажа како правилна одллука па до 32та минута успеаа да намалат на 2-4. Во финишот од натпреварот екипата на Стопанска Банка успеа да го издржи силниот притисок и да слави на крајот од овој дуел со резултат од 3-7.