
МРТ 2-6(1-1) Стопанска Банка
МРТ: Мартин Фотевски 8’ Денис Селкович 35’
Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 33’ 35’ Кристијан Апостоловски 14’ 32’ 34’ Атанас Зафировски 39’
Екипите на МРТ и Стопанска Банка во овој натпревар влегоа со израмнети сили на теренот, двете екипи играа цврсто во обраната и својата шанса ја бараа преку брзи контра напади. Екипата на МРТ прва го отвори резултатот во 8та минута со погодокот на Фотевски, ова ја примора екипата на Стопанска Банка да притисне во предно поле и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Ваквата тактика на екипата на Стопнска Банка донесе резултат па во 14та минута успеаа да дојдат до погодок за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето иако екипите имза одлични шанси ниту една не успеа резултатски да се одвои па на паузата се змаина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со погодокот Апостоловски и водство од 1-2. Ова им беше дополнителен мотив за да продолжат со одличната игра и преку Ангеловски и Апостоловски да дојдат до предност од 5-2. Екипата на МРТ во скратен состав не успеваше да најде решение за одличната игра на противникот па на крајот од овој дуел екипата на Стопанска Банка славеше со 2-6.