
Аџибадем Систина 1-4(1-1) Стопанска Банка
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 7”
Стопанска Банка: Марко Ташков 13”, Кристијан Богдановски 33”, Дарко Симјановски 34”, Дејан Ангеловски 40”
Со егал игра започна натпреварот помеѓу екипите на Аџибадем Систина и Стопанска Банка. И двете екипи настапија играјќи калкулиран фудбал во предно поле, не дозволувајќи лесно да го изгубат поседот на топката. И двете екипи преку цврста одбрана беа одлучни да не дозволат продирање кон сопствениот гол. Во ваквата игра прва до водство дојде екипата на Аџибадем Систина преку Димковски кој во 7” постигна гол за водство на својата екипа од 1-0. По не цели 6 минути игра, по одлилно искористен контра напад, Ташков 13” кај Стопанска банка постигна гол за израмнување на 1-1. Во преостанатиот дел од целото прво полувреме, и двете екипи го задржаа истиот ритам на играта, играјќи сконцентрирано во делот на одбраната и користијќи ги сите контра напади како би дшле до отворена шанса за гол. Во ваквата егал игра, до крајот на првото полувреме резултатот остана непроменет.
Второто полувреме продолжи во ист ритам, онака како што заврши првото. Екипите играа калкулирано, не дозволувајќи изненадувања. Во втората половина од првото полувреме екипата на Стопанска Банка по искористениот тајм-аут го промени својот тактичи пристап во натпреварот и тоа се виде на терен. Во тие моменти кај Стопанска банка проработе дуото Богдановски – Симјановски кои со два последувателни гола до 34” и донесoа предност на Стопанска Bанка од 1-3. Екипата на Аџибадем Систина се обиде со висок пресинг да создаде шанса за шут кон противничкиот гол, но тоа создаде празнина во одбраната, па на неколку секунди пред крајот на натпреварот таа прилика ја искористи Стопанска Банка преку Анголов 40” кој постигна гол за победа на Стопанска банка во овој дуел. Конечен резултат 4-1.