
Стопанска Банка 5-4(0-3) Фабрика Карпош
Стопанска Банка: Кристијан Апостоловски 26’ 35’ Дарко Симјановски 29’ Кристијан Богдановски 32’ 38’
Фабрика Карпош: Кире Крстевски 15’ Филип Илиевски 1’ 3’ Оливер Бошковски 29’
Одличен почеток за екипата на Фабрика Карпош во дуелот со Стопанска Банка, тие уште на самиот старт на натпреварот настапија со голман играч што им донесе предност уште во раната фаза. Екипата на Фабрика Карпош искористи грешка на противникот уште во првата минута а преку Илиевски само две минути подоцна зголеми на 0-2. Екипата на Стопанска Банка се почесто се закануваше кон голот на противникот но Фабрика Карпош ја сочува мрежата а на спротивната страна реализираше за 0-3. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка ги консолидира своите редови и од минута во минута ја топеше предноста на противникот. Стопанска Банка со чести ротации одржуваше високо темпо на игра што им донесе израмнување на резултатот во 35та минута на 4-4 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Стопанска Банка успеа да реализира пенал и поведе со 5-4, до самиот крај Стопанска Банка го издржа притисокот од противникот и на крајот од овој дуел славеше со 5-4.