Стопанска Банка 3-1(0-0) Киел
Стопанска Банка: Дарко Симјановски 23”, Дејан Јанчевски 28”, Дејан Ангеловски 33”
Киел: Далибор Николовски 26”
Екипите на Стопанска Банка и Киел во натпреварот влегоа максимално мотивирани уште од самиот старт. И на двете страни се играше отворен фудбал, со добро градени и контролирани акции, како би можеле екипите да дојдат до отворена шанса за гол, но во секоја прилика, одбраната и на двете страни беше на ниво на задачата, па во такви услови ниту една екипа не успеа да постигне гол во текот на целото прво полувреме.
Во второто полувреме и двете екипи прикажаа далеку по смел фудбал. Резултатот го отвори екипата на Стопанска Банка во 23” со гол во реализација на Симјановски. На ова екипата на Киел возврати преку Николовски 26” со гол за израмнување на 1-1. Во тие моменти екипата на Стопанска Банка заигра нешто по офанзивен фудбал во кој проработе дуото Јанчевски-Ангеловски кои до 33” и донесоа водство на Стопанска Банка од 3-1. Киел се обиде со брзи контра напади и притисок во предно поле да се врати во натрпеварот, но Стопанска Банка не попушти под налетот на Киел и на крајот славеше со 3-1.