Стојановски со хет-трик ја водеше Халк Банка до победата над Киел

Киел 1-5(1-3) Халк Банка

Киел: Душко Димитријевски 11’
Халк Банка: Игор Стојановски 4’ 17’ 32’ Мартин Дамевски 20’ 33’

Одличен почеток за екипата на Халк Банка во дуелот со Киел тие на самиот старт на полувремето извршија силен притисок што им донесе рано водство со погодокот на Стојановски во 4та минута. Екипата на Киел ги консолидира своите редови па преку Димитријевски во 11та минута успеа да израмни на 1-1. Екипите во високо темпо го играа овој натпреварт и со чести ротации ја одржуваа свежината во тимовите. Екипата на Халк Банка во завршницата на полувремето успеа со два погодоци во низа да дојде до предност од 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра во високо темпо, екипите ги корисета голманите со цел да створат вишок во нападот. Екипата на Халк Банка успеваше со цврста игра во одбраната и брзи напади да ја одржува резултатската предност. Екипата на Киел имаше одлични шанси но Халк Банка со одлично поставена одбрана не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на натпреварот Халк Банка ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот од овој дуел славеше со 1-5.