
Окта 4-6(1-2) Халк Банка
Окта: Бојан Станковиќ 10’ 21’ Иван Мицевски 37’ Борче Бојковски 37’
Халк Банка: Игор Стојановски 12’ 29’ 30’ Мартин Дамевски 8’ Апостол Ангелковски 39’ 40
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и Халк Банка, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел. Екипата на Халк Банка прва го отвори резултатот во 8та минута со погодокот на Дамевски, само две минути подоцна екипата на Окта преку Станковиќ во 10та минута успеа да израмни на 1-1. Екипите играа егал натпревар на теренот но екипата на Халк Банка имаше подобра реализација па во 12та успеа да дојде до повторно водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на Окта притискаше во предно поле но не успеа да дојде до израмнување па Халк Банка на паузата замина со минимална предност од 1-2. Екипата на Окта на самиот старт на полувремето успеа да израмни на 2-2. Кај екипата на Халк Банка блесна Игор Стојановски кој со два погодоци во низа во 29та и 30та минута успеа на својата екипа да и донесе повторно водство од 2-4. Екипата на Окта не се откажуваше во овој меч и успеа резултатски да се врати во натпреварот со два погодоци во 37та минута успеа да израмни на 4-4 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Халк Банка успеа да ги искористи сите свои шанси и да слави во овој дуел со резултат од 4-6.