Стопанска Банка 3-8(0-4) С.Ц. Борис Трајковски
Стопанска Банка: Марко Ташков 23’ 29’ 32’
С.Ц. Борис Трајковски: Владимир Мојсовски 35’ 40’ Данијел Апостоловски 34’ 39’ Борис Чурлинов 13’ 18’ Горан Андоновски 12’ 20’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и С.Ц. Борис Трајковски, двете екипи во овој натпревар влегоа со сериозен пристап и со одлична игра на средината на теренот. Екипите во првото полувреме чекаа на грешка на противникот за преку брз контра напад да успеаат да го изненадат противникот и да реализираат. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 12та минута со погодокот на Андоновски успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0-1, ова и даде дополнителен мотив на екипата на С.Ц. Борис Трајковски која успеа да го золеми водството на 0-2. Екипата на Стопанска Банка не успеваше да најде решение за одличната игра на С.Ц. Борис Трајковски која до полувремето успеа да ја зголеми предноста и на паузата да замине со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка ги консолидира своите редови и од минута во минута ја стопи резултатската предност на С.Ц. Борис Трајковски па во 32та минута од натпреварот успеа да дојде до само еден гол негатива и резултат од 3-4. Сепак екипата на С.Ц. Борис Трајковски не дозволи противникот да дојде до целосен резултатски пресврт па на крајот од овој дуел славеше со 3-8