С.Ц. Борис Трајковски со одлична одбрана до победата над Гранит

Гранит 1-4(0-2) С.Ц. Борис Трајковски

Гранит: Николче Глигуровски 34’
С.Ц. Борис Трајковски: Владимир Мојсовски 14’ Данијел Апостоловски 6’ 40’ Влахо Костов 34’

Екипите на Гранит и С.Ц. Борис Трајковски имаа одличен почеток на првото полувреме, двете екипи настапија со цврста игра на средината на теренот и својата шанса за гол ја бараа преку брзи контра напади. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 6та минута со погодокот на Апостоловски успеа да го отвори резултатот и поведе со 0-1. Како одминуваше времето екипата на С.Ц. Борис Трајковски стануваше се поконкретна и во 14та минута со погодокот на Мојсовски успеа да поведе со 0-2. Екипата на Гранит се обидуваше да најде пукнатина во одбраната на С.Ц. Борис Трајковски и со обиди од далечина да го изненади противникот, но до полувремето не успеаа во тоа па С.Ц. Борис Трајковски на паузата замина со предност од 0-2. Во второто полувреме екипата на Гранит започна со посилен притисок кон голот на С.Ц. Борис Трајковски што им донесе намалување на резултатската негатива на 1-2. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа брзо да врати и со погодокот на Костов успеа да зголеми на 1-3. До крајот на натпреварот екипата на С.Ц. Борис Трајковски не дозволи екипата на Гранит да направи изненадување и на крајот од овој дуел славеше со 1-4.