С.Ц. Борис Трајковски со одлично прво полувреме до победа над А1

A1 0-2(0-2) С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски: Александар Василевски 9”, Горан Андоновски 16”

Крајно цврст и незивесен натпревар одиграа екипите на А1 и С.Ц. Борис Трајковски. И двете екипи во овој натпревар целосно беа посветени на одбраната. Се играше цврста одбрана на двете страни. Одбранбените играчи одлично го покриваа противникот, не давајќи му простор да дојде до изгледна шанса за гол. Во 9” Василевски кај С.Ц. Борис Трајковски со маестрален гол го надмудри голманот на А1 и успеа да му донесе водство на својот тим од 1-0. Во завршницата од првото полувреме преку контра напад Андоновски постигна погодок за водство на С.Ц. Борис Трајковски од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол, но голманите и одбраната на двете страни беа на ниво на задачата, па мрежите мируваа во текот на целото полувреме.