ТАВ во второто полувреме до победата над LC Waikiki

ТАВ 9-2(1-1) LC Waikiki

ТАВ: Сабри Ласковица 39’ Ивица Продановски 6’ 29’ 36’ Сеат Демири 30’ 33’ 34’ 37’ Онур Хасан 22’
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 28’ Фуркан Алими 17’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на ТАВ и LC Waikiki, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на ТАВ прва го отвори резултатот во 6та минута и со погодокот на Продановски успеа да поведе со 1-0, екипата на LC Waikiki по оваа негатива вршеше силен притисок кон голот на противникот па во завршницата од полувремето успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второт полувреме екипата на ТАВ успеа да дојде до повторно водство преку Хасан во 22та минута но LC Waikiki имаше брз одговор па преку Фетаи израмни на 2-2. Како одминуваше времето екипата на ТАВ го зголемуваше темопто на игра и со одлично изработени напади се почесто се закануваше кон голот на противникот, ваквата игра им донесе повторна предност. До крајот на натпреварот екипата на ТАВ успеа да ја срши одбраната на LC Waikiki и резултатски се одвои за конечна победа во овој дуел од 9-2.