ЕВН 0-9(0-3) ТАВ
ТАВ: Сабри Лесковица 20’ 36’ Јованче Видински 13’ 31’ Ивица Продановски 14’ 23’ 24’ Сеат Демири 29’ 30’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и ТАВ, двете екипи во раната фаза од полувремето влегоа со брза и динамична игра. Екипата на ТАВ како одминуваше времето го зголемуваше темпото на игра и високо ја постави играта во нападот, со константен притисок кон голот на ЕВН. Ова им донесе водство во 13та минута со погодокот на Видински и предност од 0-1. Екипата на ЕВН се обидуваше со брзи контра напади да се заканува кон голот на противникот но ТАВ одлично го затвори притапот кон својот гол, а со одлична реализација ја зголемуваше предноста која на полувремето изнесуваше 0-3. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со одличната игра, со чести ротации ја одржуваше свежината во својот состав и со одлична реализација ја зголмуваше предноста. Екипата на ЕВН не успеа да најде решение за вечер расположената екипа на ТАВ која успеа да слави во овој дуел со предност од 0-9.