ТАВ со цврста одбрана и брзи контра напади дојде до бодовите против Алкалоид

Алкалоид 1-2(0-2) ТАВ

Алкалоид: Кристијан Патров 21’
ТАВ: Јованче Видински 17’ Сеат Демири 18”

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Алкалоид и ТАВ, двете екипи влегоа во овој дуел силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипите игра цврсто на средината на теренот а својата шанса за реализиација ја чекаа на грешка на противникот. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра екипата на ТАВ во завршницата на првото полувреме најпрвин преку Видински а потоа и преку Демири успеаа да дојдат до предност од 0-2 резултат со кој се замина на паузаа. Во второто полувреме екипата на Алкалоид ги консолидира своите редови и успеа преку Патров да намалат на 1-2. Екипата на Алкалоид продолжи со одлична игра и силен притисок но екипата на ТАВ одлично успеваше да ги затвори пристапите до својот гол а преку контра напади се обидуваше да ја зголеми разликата и осигура победата. Во завршницата на дуелот екипата на Алкалоид во своите редови внесе голман играч no ТАВ ја сочува минималната предност и славеше на крајот од овој дуел со 1-2.