Ташков со хет трик ја водеше Стопанска до победата над Леорон

Леорон 3-8(1-5) Стопанска Банка

Леорон: Мохамед Сабра 14’ 40’ Aддас Рамадани 21’
Стопанска Банка: Марко Ташков 18’ 38’ 40’ Дарко Симјановски 1’ 13’ Кристијан Богдановски 8’ 16’

Одлично прво полувреме за екипата на Стопанска Банка тие од самиот старт наметнаа високо темпо на игра кое им донесе рано водство во 1та минута со погодокот на Симјановски. Екипата на Леорон се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот и вршеше притисок кон голот на противникот, но Стопанска Банка одлично ја постави одбраната и успеа да реализира во 8та миута за зголемување на предноста на 0-2. До крајот на полувремето екипата на Леорон не успеа да најде решение за одличната игра на Стопанска Банка која на полувремето замина со предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на Леорон успеа да ја намали резултатската негатива но екипата на Стопанска Банка успеа со цврста одбрана да ги одбие налетите на противникот да ја сочува предноста од првото полувреме и на крајот од овој дуел да слави со резултат од 3-8.