Телеком немаше доволно сили за пресврт во дуелот на Макпетрол

Македонски Телеком 4-7(1-5) Макпетрол

Македонски Телеком: Гоце Филипов 6’ 33’ Михајло Лазаревски 36’ Петре Велигденов 38’
Макпетрол: Марко Костенцовски 15’ 30’ Игор Стојковски 17’ 40′ Бенер Бекировски 4’ Мишо Ѓоргиевски 10’ Виктор Доневски 20’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Македноски Телеком и Макпетрол, уште на самиот старт и двете екипи започнаа со офанзивна игра па се редеа шанси и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 4та мин. По ова следуваше брз одговор Телеком и израмнување во 6та минута. Во остатокот од полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта што резултираше со водство на полувремето од 1-5. Во второто полувреме екипата на Телеком се префрли на противничката половина и вршеше силен притисок со цел да фати резултатски приклучок, се обидуваа со чести ротации и промена на тактиката со што внесоа голман играч во своите редови, но екипата на Макпетрол со одлично поставена игра во одбраната доста умешно успеа да го сочува водството стекнато во првото полувреме. Екипата на Макптерол успеа да го добие овој натпревар со 4-7.