Темато 13-6 (6-3) ЕЛЕМ
Темато: Шенол Идризовски 14’ 20’ Исат Зеќировски 37’ 37’ Неџати Шабани 39’ Сеат Јакупи 9’ 20’ 28’ 34’ Фејзула Шабани 10’ 12’ 24’ 40’
ЕЛЕМ: Шкиприм Руфати 14’ Душан Спасеноски 7’ 19’ 27’ 36’ 38’
Осмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Темато и ЕЛЕМ. Двете екипи со отворена и офанзивна игра влегоа во првото полувреме, ваквата игра и донесе рано водство на екипата на ЕЛЕМ која во 7та минута од полувремето успеа да поведе со 0-1 преку погодокот на Спасеновски. Екипата на Темато ги консолидира своите редови и до десетата минута со погодоците на Јакупи и Шабани успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. До полувремето екипата на Темато имаше подобра реализација и успеа да постигне предност од три погодоци за водство од 6-3 на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ со чести ротации во тимот и со внесување на голман играч се обиде да створи вишок во нападот за да ја стопи резултатската негатива, но Темато одлично ја постави одбраната и со брзи контра напади и удари од далечина ја одржуваше предноста. Како одминуваше времето екипата на Темато беше се по убедлива за конечна победа во овој натпревар со 13-6.