Темато со одлична реализација до победа над Атлантик Груп

Темато 12-7(5-3) Атлантик Груп

Темато: Хамза Мустафа 2” 33”, Неџати Шабани 4” 5” 7” 32”, Ирфан Растудер 19” 38”, Исат Зекировски 31”, Давуд Дрнар 23”, Нермин Шаботиќ 22” 26”
Атлантик Груп: Брагојче Стојановски 5” 32”, Сашко Тодоров 7” 25”, Мирослав Тодоровски 20”, Љупчо Павковиќ 23”, Александар Николовски 40”

Екипата на Темато натпреварот го започна со глман-играч. Во ваквата поставеност во делот на нападот успеа да оствари резултатска предност. Шабани како голман-играч успеа да го изненади Атлантик Груп и со хет-трик да му донесе резултатска предност. Екипата на Атлантик Груп побара тајмаоут за да ги консолидира своите редови и да договори како да ја поправи играта во делот на одбраната. То вроди со плод па на полувремето Томато замина со минимална предност од 5-3.
Во второто полувреме екипата на Темато имаше одлична поставеност, кога на ова ќе се додаде перфектната реализација резултатот не може да изостане. Екиапта на Атлантик Груп се обиде и со голман-играч да се врати во овој натпревар но Темато имаше своја вечер па на крајот славеше со 12-7.