
Тиквеш 7-4(4-2) Атлантик Груп
Тиквеш: Дамјан Петревски 5’ 9’ 9’ 28’ 32’ Бојан Костадинов 39’ Филип Јакимовски 10’
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 4’ Благојче Јовчевски 36’ Благојче Стојановски 38’ Марко Вујиќ 19’
Екипте на Тиквеш и Атлантик Груп одлично го отворија првото полувреме со отворена игра во динамично темпо. Екипата на Атлантик Груп прва го отвори резултатот со погодокот на Тасевски во 4та минута, но екипата на Тиквеш преку Петровски успеа да возврати и дојде до израмнување на резултатот на 1-1. Екипата на Тиквеш продолжи со одлична игра па преку расположениот Петревски кој постигна Хет трик до 9та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-1. До полувремето двете екипи успеаа да реализираат по еден погодок и со резултат од 4-2 замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Тиквеш продолжи со одлична реализација и до 32та минута успеа да дојде до предност од 6-2. Екипата на Атлантик Груп успеа да ги консолидира своите редови и да ја намалува резултатската негатива но екипата на Тиквеш не дозволи изненадување па до крајот ја сочува предноста и славеше со резултат од 7-4.
Играч на натпреварот: Дамјан Петревски (Тиквеш)