
А1 5-8(4-2) Тиквеш
А1: Стефан Петровски 16’ Ненад Трајковски 20’ 40’ Михаил Делев 11’ Дамјан Бачовски 17’
Тиквеш: Дамјан Петревски 7’ 25’ 27’ 35’ 39’ Делчо Кировски 14’ 28’ Амар Елмази 26’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на А1 и Тивеш, екипата на Тиквеш прва го отвори резултатот со погодокот на Петревски во 7та минута. Екипата на А1 во 11та минута имаше одговор и успеа да го израмни резултатот на 1-1. Како одминуваше времето екипите стануваа се по офанзивни и со по цврста игра често доаѓаа до отворена шанса за гол. До крајот на полувремето екипата на А1 имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Тиквеш ги консолидира своите редови и успеа да дојде до повторно израмнување на резултатот на 4-4. Ова им даде дополнителен мотив па тие успеаа со одлична игра и брзи контра напади да дојдат до пресврт и водство во завршницата на натпреварот. Екипата на А1 се обиде повторно да се врати во натпреварот но Тиквеш ја смири играта ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот од овој натпревар славеше со 5-8.