Тиквеш со целосен резултатски пресврт до победа над Леар

Леар 5-6(5-3) Тиквеш

Леар:Тоше Зафировски 14’ Робертино Златевски 3’ Борче Јовановски 13’14’ Петар Стојковски 10’
Тиквеш: Дамјан Петревски 18’ 26’ 32’ Деко Марковски 17’ Амар Елмази 8’ 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Леар и Тиквеш. Екипата на Леар го отвори натпреварот со погодокот на Златевски во 5та минута, екипата на Тиквеш успеа да ги консолидира своите редови и во 8та минута со погодокот на Елмази успеа да израмни на 1-1. Во продолжението на полувремето екипата на Леар успеа со офанзивна игра и одлична реализација резултатски да се одвои и да поведе со 5-1 до 14та минута од полувремето. Екипата на Тиквеш во своите редови го внесе Кировски како голман играч тактика која вроди со плод и до полувремето ја намали резултатската негатива на 5-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Тиквеш продолжи со одлична игра и успеа да дојде до израмнување на резултатот на 5-5 со два погодоци на Петревски што ја направи завршницата на овој натпревар доста неизвесна. Во ваквата завршница двете екипи имаа по неколку одлични шанси за реализација но екипата на Тивеш беше таа која со погодокот на Елмази успеа да дојде до предност и победа во овој дуел со резултат од 5-6.