Тодоровски со 4 погодоци ја водеше екипата на ЕВН до сигурна победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 2-4(1-2) ЕВН

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 21’ Кристијан ДИмковски 18’
ЕВН: Бојан Тодоровски 9’ 15’ 23’ 38’

Одличен почеток за екипата на ЕВН во дуелот со Аџибадем Систина, тие со офанзивна игра го изненадија противникот па во 9та минута преку Тодоровски успеаа да поведат со 0-1. По оваа негатива екипата на Аџибадем Систина започна со силен притисок во предно поле и имаше одлични шанси за реализација но голманот на противникот беше на ниво на задачата па мрежата мируваше. Во втората половина на полувремето екипата на ЕВН успеа да реализира повторно преку Тодоровски и поведе со 0-2. До крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина преку Димковски успеа да намали на 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот, ова вроди со плод па во 21та минута успеаа да израмнат на 2-2. Екипата на ЕВН веќе две минути подоцна успеа да дојде до повторно водство со резултат од 2-3. До крајот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но ЕВН ја сочува предноста и славеше со 2-4.