Трајковски со гол во полседната минута за победа на Систина

Маркарт 3-4(2-1) Аџибадем Систина

Маркарт: Пеце Стојановски 12′ 19′ Мартин Стојанов 38′
Аџибадем Систина: Горан Манов 9′ 25′ Далибор Дамјановиќ 24′ Никола Трајковски 40′

Интеренсо прво полувреме одиграа екипите на Маркарт и Систина, уште на самиот старт екипата на Маркарт ја превзема иницијативата и тргна жестоко кон голот на Систина. Искусната екипа на Систина знаеше да ја казни таквата офанзивна игра на Маркарт и во 9та минута успеа да реализира контра напад за водство од 0-1. Во 12та минута по еден кикс на одбраната на Систина беше досуден пенал во корист на Маркарт кој го реализираа за израмнување на резултатот на 1-1. До крајот на полувремето двата тима беа претпазливи во одбраната, сепак екипата на Маркар во 19та минута реализира за водство од 2-1 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок за израмнување, овој погодок им даде дополнителен мотив за веќе во наредната минута да успеат да направат целосен резултатски пресврт. Екипата на Маркарт направи неколку промени во тимот и со сите сили тргна кон нападот, во 38та минута успеаа да постигнат гол за исрамнување. И кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите екипата на Систина преку Трајковски во последните секунди од натпреварот успеаа да реализираат и да ги однесат бодовите со резултат од 4-3.