
Ван Хоол 13-5(5-3) Леорон
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 3” 9” 25” 36”, Валентино Трајковски 8” 14” 19” 31” 32” 37” 40”, Иван Вукановски 33”, Стефан Станојковиќ 39”
Леорон: Аддас Рамадани 10” 15” 16”, Мохамад Сабра 22”, Дин Шеху 39”
Со гол во 3” во реализација на Стаменковски, екипатана Ван Хоол одлично го отвори напреварот со екипата на Леорон, со што дојде до водство од 1-0 во раната фаза од дуелот. Леорон се обиде преку брзи контра напади во неколку наврати да го загрози голот на Ван Хоол, која пак играше сконцентрирано со контрола над играта, па до 9” стигна до водство од 3-0. Во тие моменти Рамадани искористи невниманије во одбраната на Ван Хоол и со шут од далечина постигна гол за резултат 3-1. Во втората половина од првото полувреме Ван Хоол продолжи со одличната игра и во 14”преку Трајковски дојде до водство од 4-1. Во тие моменти кај Леорон проработе вечерва расположениот Рамадани кој со борбена игра и одлична реализација постигна дополнителни два гола во низа со што реализира хет-трик и до 16” ја доближи својата екипа на само гол негатива од Ван Хоол при резултат 4-3. Продолжение се играше егал фудбал се до 19” кога Трајковски кај Ван Хоол со гол за хет-трик ја зголеми предноста на својот тим на 5-3, резултат со ко јсе отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Леорон влезе максимално мотивирана играјќи висок пресинг, тактика која вроди со плод во раната фаза од второто полувреме со гол во реализација на Сабра 22”. Во тие моменти екипата на Ван Хоол ја консолидира својата игра, заигра цврстo во одбранатаи максимално сконцентрирано во делот на нападот и во таквата игра проследена со одлична реализација до 37” дојде до високо водство од 11-4. На една минута до крајот Шеху кај Леорон со гол ја намали предноста на Ван Хоол но тоа не беше доволно да направи значителна разлика во резултатот. Ван Хоол со продолжи со контролирана игра да го диктира темпото на натпреварот и на крајот славеше победа со резултат 13-5.