Триото Ѓоргиовски- Ефремов- Прленда го носеше Макептрол до победа во дуелот со Атлантик Груп

Макпетрол 14-3(7-1) Атлантик Груп

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 1” 11”, Никола Секуловски 7” 29”, Боце Ефремов 13” 14” 34”, Виктор Донвески 19”, Небојша Прленда 20” 37” 38”, Ариан Бела 21” Блаже Тодоровски 22”, Филип Митков 40″
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 6”, Горан Огњановски 33”, Благојче Стојановски 40”

Екипата на Макпетрол во висок ритам го отоври натпреварот против екипата на Атлантик Груп. Во самиот старт уште во раната фаза во првата минута Макпетрол поведе преку Ѓоргиевски со 1-0. По само пет минути игра Тасевски кај Атлантик Груп успеа да израмни на 1-1. Макептрол во тие моменти заигра офанзивно, со чести измени држеше висок ритам кој Атлантик Груп неможеше да го прати, па Макпетрол од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот на полувремето изнесуваше високи 7-1.
Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп со голман-играч се обиде да ја анулира предноста која Макпетрол ја стекна во првото полувреме, но Макпетрол не дозволи изненадување, продолжи со одлична реализација да го зголемува водството кое на крајот изнесуваше 14-3