Трифуновски со хет-трик го водеше Кромберг & Шуберт до победа над Макстил

Макстил 1-4(2-7) Кромберг & Шуберт

Макстил: Мартин Блажевски 16”, Бојковски Бобан 26”
Кромберг & Шуберт: Пеце Наумовски 17” 30”, Иве Трифуновски 20” 20” 37”, Александар Крстевски 20” 38”

Со израмнети сили започна натпреварот помеѓу екипите на Мастил и Кромберг & Шуберт. И двете екипи наметнаа брзо темпо на игра уште од самиот старт. И кај двете екипи голем акцент беше ставен на цврстата одбрана и смирената игра во задните редови, па така и покрај неколкуте добро изградени акции, и двете екипи тешко доаѓаа до отворени шанси за гол цели 16 минути. Сето ова се промени во последните 4 минути од првото полувреме кога Макстил прва поведе со гол во реализација на Блажевски 16” за водство од 1-0. Екипата на Кромберг & Шуберт брзо возврати и преку Наумовски 17” го израмни резултатот на 1-1. Во тие моменти екипата на Кромберг & Шуберт притисна во предно поле, па дуото Трифуновски-Крстевски успешно искористија пад пад на концентрацијата кај екипата на Макстил и во 20та минута успеаа да постигнат дури три голови за водоство на Кромберг & Шуберт од 1-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во почетокот на второто полувреме екипата на Макстил успеа да ги консолидира своите редови и во 26” со погодок во реализација на Бојковски успеа да ја намали негативата на 2-4, но Кромберг & Шуберт веднаш потоа ја заигра својата препознатлива игра па до средината на второто полувреме повторно го зголеми водството на 2-5. Во финишот од второто полувреме Макстил се обиде да наметне притисок во предно поле но екипата на Кромберг & Шуберт остана присебна, и со два погодоци во последните три минути од натпреварот резултатски се оддалечи на 2-7, резултат со кој заврши овој натпревар.