УНИКА преку Лимани до сигурна победа над Корпа

Корпа 6-11(3-4) УНИКА

Корпа: Анел Курт 20’ Никола Спасовски 13’ 15’ 40’ Мартин Илиевски 27’ Кристијан Велковски 38’
УНИКА: Доналд Бајрами 32’ 39’ Аднан Лимани 9’ 17’ 24’ 30’ 33’ 40’ Беким Љута 19’ Рони Адеми 2’ Арбен Нухиу 40

Одличен почеток на екипата на УНИКА во дуелот со Корпа, тие уште во првата минута од натпреварот успеаа да реализираат за брзо водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Корпа се обидуваше со силен притисок да дојде до погодок, но УНИКА со брзи контра напади успеа да искористи грешка во одбраната на противникот и да зголеми на 0-2 со погодокот Лимани. Екипата на Корпа по оваа негатива од два погодоци ги консолидира своите редови и со два погодоци на Спасовски успеа да дојде до израмнување на резултатот од 2-2. До крајот на полувремето екипата на УНИКА преку Љута успеа да дојде до повторно водство и да ја одржи предноста од еден гол па паузата да замина со предност од 3-4. Во второто полувреме се продолжи со изендачена игра и ниту една од екипите не успеваше резултатски да се одвои. Во завршницата на натпреварот екипата на УНИКА успеа да изврши силен притисок кон голот на Корпа и преку расположениот Лимани да дојде до предност и победа со резултат од 6-11.