
ЕЛЕМ 4-8(3-2) УНИКА
ЕЛЕМ: Александар Николовски 4” 28”, Шкиприм Руфати 6”, Душан Спасеноски 2”
УНИКА: Рони Адеми 2” 27”, Шабан Чупи 16”, Беким Љута 24”, Ербин Даци 26” 31” 36” 40”
Натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и УНИКА започна со брз и отворен фудбал. И двете екипи настапија максимално мотивирани играјќи пресинг по должина на целиот терен. Прва до водств дојде екипата на ИНИКА во раната фаза од првото полувреме со гол во реализација на Адеми 2”. Но ЕЛЕМ не подпадна под притисокот, продолжи со контролирана игра да го загрози голот на УНИКА и тоа им појде од рака во 4” и во 6” со два гола во реализација на дуото Николовски – Руфати со што ЕЛЕМ направи пресврт во натпреварот и дојде до водство од 2-1. Во наредните десет минути и двете екипи играа со израмнети сили. Одбраната беше на ниво на задачата така што ниту една екипа не успеа да постигне гол. Ова се промени во 16” Чупи кај УНИКА со шут од далечина постигна гол за израмнување на резултатот на 2-2. Но Екиапта на ЕЛЕМ не губеше време и за неполни две минути при брз контра напад и гол во реализација на Спасеноски 18” успеа повторно да дојде до водство од 3-2, резултат со ко се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на УНИКА влезе максимално мотивирана уште од самиот старт. Играјќи во висок ритам со акцент на играта во предно поле, до 26” УНИКА не само што успеа да стигне до израмнување, туку со три голови во низа направи целосен пресврт во дуелот со ЕЛЕМ и стигна до водство од 3-5. Во тие моменти кај ЕЛЕМ проработе Николовски кој со одлична реализација ја донесе својата екипа на само гол негатива при резултат 4-5. Но УНИКА порпорајќи се на своето искуство остана преземна, продолжи да игра цврста одбрана и секој контра напад вешто го користеше. Во ваквата игра кај УНИКА не изостана ниту одличната реализација, па на крајот славеше победа со резултат 4-8.