УНИКА 5-2(1-0) Стопанска Банка
УНИКА: Аднан Лимани 30’ 39’ Ербин Даци 11’ 23’ Рони Адеми 40’
Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 37’ Дарко Симјановски 21’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и Стопанска Банка двете екипи во ова полувреме настапија со цврста игра и одлично поставена одбрана. Екипите со брзи контра напади се обидуваа да го изненадат противникот но и голманите во ова полувреме беа на ниво на задачата. Екипата на УНИКА прва го отвори резултато во 11та минута со погодокот на Даци, екипата на Стопанска Банка до крајот на полувремето се обидуваше да дојде до поволна позиција за израмнување но УНИКА го затвори пристапот до својот гол па на полувреме замина со еден гол преднот. На самиот старт на второто полувреме екипата на Стопанска Банка преку Симјановски успеа да го изненади противникот и да дојде до погодок за израмнување на 1-1. Екипата на УНИКА имаше брз одговор па само две минути подоцна успеа да дојде до повторно водство со вториот погодок на Даци. До крајот на натпреварот екипата на УНИКА успеа да ја сочува предноста, екипата на Стопанска Банка се обиде со голман играч да створи вишок во нападот и да дојде до поволен резултат но не успеа во тоа па на крајот од овој дуел УНИКА славеше со 5-2.