ВДЛ Ван Хоол 4-9(4-4) УНИКА
ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 5” 9” 10”, Давид Масевски 19”
УНИКА: Аднан Лимани 4”, Арбен Нухиу 8” 20”, Шабан Чупи 14”
Егал прво полувреме одиграа екипите на ВДЛ Ван Хоол и УНИКА. И двете екипи во натпреварот настапија максимално мотивирани уште од самиот почеток. Се играше цврст и борбен фудбал во одбраната, како и брз и креативен фудбал во нападот, севкупна игра која преку која и двете екипи создаваа одлични шанси за гол кои вешто ги користеа за да постигнатодлична и реализацијата. Натпреварот го отвори екипата на УНИКА во 4” сo погодок во реализација на Лимани. ВДЛ Ван Хоол вечерва во своите редови го имаше расположениот Трајковски кој со хет-трик резултатски го одржувше својот тим во егал игра. Од минута во минута и двете екипи најизменично успеваа да постигнуваат погодоци па на полувремето заминаа со израмнет резултат 4-4.
Во второто полувреме екипата на УНИКА ја заигра својата препознатлива играсо, и притисок во предно поле успеа да создаде играч плус во делот на нападот. Во ваквата поставеност УНИКА успеа да постигне 4 гола со што стекна резултатска предност од 4-8. Екипата на ВДЛ Ван Хоол се обидуваше да најде против игра но вечерва расположената УНИКА не дозволи изненадување па на крајот од овој натпревар славеше со 4-9.