УНИКА со победа над Тиквеш ја отвори сезоната

Тиквеш 1-10(0-4) УНИКА

Тиквеш: Дамјан Петревски 9”
УНИКА: Ербин Даци 1” 12” 24” 25” 40” 40”, Фисник Нухиу 13”, Беким Љута 20”, Анди Нухиу 34” Шабан Чупи 29”

Екипата на Уника преку Ербин Даци одлично го отвори овој во дуелот со екипата на Тиквеш постигнувајќи гол уште во првата минута од натпреварот со што уште на самиот старт дојде до водство од 0-1. Уника ја продолжи одличната игра во предно поле, вршејќи притисок врз одбраната на Тиквеш која успешно се бранеше се до 12” кога повторно Даци постигна погодот за водство на УНИКА од 0-2. Во ваквата одчична игра во напад, Хухиу и Љута кај УНИКА и донесоа водство на својата екипа од 0-4. Екипата на Тиквеш се обиде во неколку наврати преку брзи контра напади да ја изненади УНИКА, но не успеа во тоа, па на полувремето УНИКА замина со водство од 0-4.
Во второто полувреме екипата на Тиквеш со чести измени се обидуваше да ја запре вечерва расположената УНИКА. Но УНИКА играше поставена игра преку која успеваше да дојде до изгледни шанси за гол. Тиквеш не успеа да искористи неколку отворени шутеви кон противничкиот гол што пак на другата страна екипата на УНИКА успеа да ги реализира таквите шутеви па на крајот УНИКА стигна до убедлива победа од 1-9.