Уни Банка со тимска игра до победа над ТЕМАТО

ТЕМАТО 5-8(1-2) Уни Банка

ТЕМАТО: Мерис Халитовиќ 6’ 21’ 24’ Ибрахим Мемети 22’ Лазар Алексовски 28’
Уни Банка: Марко Ташков 1’ 17’ 22’ 33’ 35’ Јордан Ќирковиќ 13’ 38’ Бесар Абдули 33’

Одлично прво полувреме прикажа екипата на Уни Банка во дуелот со ТЕМАТО тие дојдоа до водство во првата минута од полувремето но екипата на Темато дојде до израмнување во 6та минута од натпреварот. Во останатиот дел од полувремето екипата на Уни Банка искористи грешки во одбраната на ТЕМАТО за зголемување на водството и предност од 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. На самиот старт од второто полувреме екипата на ТЕМАТО преку одличен погодок на Халитовиќ успеа да го намали водството на Уни Банка и да дојде на само еден гол негатива. Во остатокот од полувремето се играше цврсто и гол за гол во ваквата игра повеќе шанси искористи екипата на Уни Банка која го доби овој натпревар со 5-8