Фабрика Карпош во дожд од голови до победа над Тиквеш

Тиквеш 8-9(4-6) Фабрика Карпош

Тиквеш: Марко Сироски 10” 16” 18”, Љупчо Блажевски 19”, Арбен Бајрами 26”, Делчо Кировски 33”, Дамјан Петревски 36” 40”
Фабрика Карпош: Бојан Талески 1” 40”, Лазар Божиновски 1” 9”, Никола Шишковски 4”, Филип Илиевски 13” 13” 27”, Ѓорѓи Божиков 24”

Со гол во реализација на Талески во осмата секунда од натпреварот екипата на Фабрика Карпош експлозивно го отвори дуелот со екипата на Тиквеш. За неполна минута му се придружи соиграчот Божиновски 1” со што Фабрика Карпош стигна до водство од 2-0. По три минути игра Шишковски 4” кај Фабрика Карпош искористи контра напад и со гол и донесе водство на својата екипа од 3-0. До средината на првото полувреме Фабрика Карпош играјќи отворен фудбал со акцент на играта во предно поле стигна до високо водство од 4-0. Во тие моменти кај екипата на Тиквеш проработе Сироски 10” кој со гол го намали водството на Фабрика Карпош на 1-4. Во втората половина од првото полувреме, Илиевски 13” со два гола во низа во рок од една минута го зголеми водството на Фабрика Карпош на 1-6. Екипата на Тиквеш не дозволи да пдпадне под притисокот, со борбена игра го пратеше темпото на Фабрика Карпош и со одлична реализација на дуото Сироски – Блежески до полувремето стигна до негатива од само два гола при резултат 4-6.
Во втората половина и двете екипи продолжија во ист ритам. Се играше динамично по должина на целиот терен. И двете екипи со креативна игра во предно поле успешно доаѓаа до отворени шанси за гол. Се играше гол за гол. Во ваквата игра во второто полувреме екипата на Тиквеш имаше подобра реализација од колку во првото полувреме со што то последната минута од дуелот успеа да стигна до само гол негатива при резултат 8-9. Во финишот од натпреварот екипата на Фабрика Карпош остана присебна, успеа да го задржи водството од еден гол, и на крајот славеше победа.