Фабрика Карпош – ГИМ на крилата на Панев до победа над ТАВ

Фабрика Карпош – Гим 5-3(2-2) ТАВ

Фабрика Карпош: Кристијан Панев 4’ 15’ 26’ 34’ Филип Илиевски 33’
ТАВ: Мартин Арсовски 5’ 16’ Елмаз Ибрахим 23’

Завршниот турнир од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Фабрика Карпош – Гим и ТАВ. Уште на самиот почеток двете екипи влегоа борбено знаејќи дека секој натпревар значи елиминација. Во текот на целото прво полувреме гледавме израмнет натпревар во кој и двете екипи играа доста борбено пред се во делот на одбраната. Ваквата израмнета борба доведе на полувремето да се оди со израмнет резултат од 2-2. На самиот старт на второто полувреме и двете екипи продолжија во истиот ритам. Но екипата на Фабрика Карпош ГИМ во своите редови го имаше расположениот Кристијан Панев кој со 4 погодоци успеа Фабрика Карпош – ГИМ да ги донесе до победа од 5-3