Фабрика Карпош – ГИМ немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Уника

Уника 4-3(3-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Уника: Арбен Нухиу 8′ 37′ Шабан Чупи 20′ Даниел Стојановски 11′
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 37′ Славчо Мирчевски 39′ Георги Божиков 9′

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Уника и Фабрика Карпош – ГИМ го отвори екипата на Уника со погодокот на Нухиу во 8та минута, следуваше брз одговор на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во 9та минута која преку Божиков го израмни резултатот. До крајот на полувремето екипата на Уника имаше повеќе од играта што резултираше со водство кое го сочува до крајот на полувремето. Полувреме 3-1. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра се редеа шанси за гол и на двете страни, екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок но екипата на Уника многу искусно го одигра остатокот од натпреварот и успеа да го сочува водството од полувремето. На крај натпреварот заврши со резултат од 4-3.