Фабрика Карпош –ГИМ со експлозивни напади до сигурна победа над А1

Фабрика Карпош – ГИМ 9-1(2-1) А1

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 7’ 16’ 26’ 27’ 33’ 36’ Бојан Голабовски 34’ Кристијан Панев 33’ 36’
А1: Давид Милсдинов 19’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и А1. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош= ГИМ во 7та минута преку погодокот на Илиевски што ја примора екипата на А1 да започне со нешто поофанзивна игра. Во ваквата офанзивна А1 заборави на одбраната па Фабрика Карпош – ГИМ успеа да го зголеми водството на 2-0. Во финишот од полувремето екипата на А1 успеа преку Миладинов да ја намали разликата на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ја имаше контролата врз топката и со експлозивни напади доаѓаше до одлични шанси за гол. Кај екипата на А1 приметлива беше кратката клупа што се одрази на играта, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го искористи овој пад на играта кај А1 за да дојде до сигурна победа во овој дуел со резултат од 9-1