Фабрика Карпош – ГИМ фуриозно до победа над ЕВН

ЕВН 2-12(1-6) Фабрика Карпош – ГИМ

ЕВН: Бојан Симоновски 6’ 40’
Фабрика Карпош – ГИМ: Стојан Стојковиќ 29’ Марјан Казаковски 19’ Тони Котев 33’ Георги Божиков 7’ 16’ 37’ Филип Илиевски 11’ Кристијан Панев 18’ 19’ 22’ 33’40

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕВН и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи во овој дуел влегоа со офанзивна и отворена игра. Екипата на ЕВН прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Симоновски, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одма возврати со погодокот на Божиков и дојде до израмнување веќе во следната минута. Во втората половина од полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да дојде до целосен резултатски пресврт што им даде дополнителен мотив за поофанзивна игра што донесе зголемување на водството и позитивен резултат на полувремето од 1-6. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со голман играч во играта со цел да ја намали високата негатива од полувремето, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата одбрана и не дозволи екипата на ЕВН резултатски да се доближи. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку брзи контра напади го зголемуваше своето водство и го доби овој натпревар со сигурни 2-12.